Врз основа на член 30, став 1 од статутот на приватното средно училиште „Алгоритам“ и член 8 од правилникот за критериумите и постапката за упис на ученици, наставничкиот совет на гимназијата „Алгоритам“ распишува

 

КОНКУРС

за упис на ученици

во прва година на гимназиско образование

учебна 2014/2015 година

 

 

Приватната гимназија „Алгоритам“ објавува ТРЕТ УПИСЕН РОК за запишување ученици во учебната 2014/2015 година за гимназиско образование.

 

УСЛОВИ:

Учениците за да се стекнат со статус на редовен ученик во гимназијата „Алгоритам“ треба да пополнат и испратат апликација за упис на: info@algoritam.mk како и да достават оригинални свидетелства од претходните учебни години.

Апликацијата за упис може да се преземе од веб-страната на гимназијата: www.algoritam.mk

 

Потребни документи и начин на пријавување за ученици во прва година:

·         Пополнета пријава (апликација) за упис достапна на www.algoritam.mk (на почетната страна);

·         Свидетелства за завршено петто, шесто, седмо и осмо одделение и

·         Фотокопија од извод од Матична книга на родени.

Документите се доставуваат во тврда копија  во просториите на училиштето или скенирани по електронски пат. По извршената селекција, идните ученици ќе биде потребно на увид да ги достават и оригиналите на документите.

 

Рок за поднесување документи:

01-ви јули 2014 година

 

Контакт информации:

e-mail: info@algoritam.mk

Телефон: +389 2 3 116 750

Адреса:  ул. „Даме Груев“ бр. 16, БЦ Палома Бјанка, 6-ти кат, 1000 Скопје

Интернет страница:  www.algoritam.mk

 

Контакт лице:

Зоран Зивчевски, заменик-директор на Гимназијата

 


 
                       
       
   

Гимназија „Алгоритам“ - Училиште што се грижи
A school that cares - High School "Algoritam"